ТРАМП ГО ИЗВЕСТИ КОНГРЕСОТ ДЕКА БОРБИТЕ СО ИРАН СЕ ЗАВРШЕНИ, КАЖА РУБИО

    ТРАМП ГО ИЗВЕСТИ КОНГРЕСОТ ДЕКА БОРБИТЕ СО ИРАН СЕ ЗАВРШЕНИ, КАЖА РУБИОРубио кажа дека САД ги постигнале целите на воената операција (Фото: ДПА)

    Воената операција на САД против Иран е завршена, изјави државниот секретар Марко Рубио, додека Вашингтон го насочува својот фокус кон повторно отворање на Ормускиот Tеснец

    „Операцијата ‘Епски бес‘ е завршена. Како што претседателот го извести Конгресот, завршивме со таа фаза“, им рече Рубио на новинарите во Белата куќа.

    Рубио кажа дека САД ги постигнале целите на воената операција и сега преминуваат на „Проектот слобода“ за повторно отворање на Ормускиот теснец, клучен пат за глобалната трговија со нафта и за бродскиот превоз.

    Според Рубио, Трамп во петокот испратил писмо до Конгресот, во кое ги прогласил борбите против Иран за завршени. Во писмото се вели дека немало борби помеѓу двете земји откако започна прекинот на огнот на 7 април.

    Рубио додаде дека САД продолжуваат да истражуваат можно дипломатско решение на војната со Иран.

    Стив Виткоф и Џаред Кушнер работат многу напорно на тоа. Доколку постои вистински дипломатски пат, тој би можел да го одведе Иран до реконструкција, просперитет, стабилност и до тоа повеќе да не претставува закана за светот. Целта на дипломатските напори е да се воспостави одредено ниво на разбирање за тоа за кои прашања Иран е подготвен да преговара. Не мора да имаме договор напишан за еден ден, ова е многу сложено“, рече Рубио.

    Паузирајќи ја операцијата „Проект слобода“, Трамп уште еднаш кажа дека САД и Иран се блиску до договор. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска е во посета на Кина, каде што кажа дека Иран ќе прифати само „фер и сеопфатен“ договор со САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира