ТРАМП ГО НАПАДНА ФБИ ДЕКА ГИ ИСПОЛИТИЗИРАЛ ИСТРАГИТЕ ВО ПОЛЗА НА ДЕМОКРАТИТЕ

    ТРАМП ГО НАПАДНА ФБИ ДЕКА ГИ ИСПОЛИТИЗИРАЛ ИСТРАГИТЕ ВО ПОЛЗА НА ДЕМОКРАТИТЕСе обидува да докаже дека ФБИ шпионирал негов близок соработник. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Неколку часа пред очекуваното објавување на доверливиот меморандум, кој треба да покаже дека ФБИ го шпионирал изборниот штаб на Доналд Трамп за време на претседателската кампања, тој жестоко ги нападна Бирото и Министерството за правда, обвинувајќи ги дека работеле на нарушување на угледот на Републиканската партија.

    „Водечките луѓе и иследници од ФБИ и од Министерството за правда го исполитизираа тајниот истражувачки процес во полза на демократите, а против републиканците. Ова би било незамисливо не така одамна“, напиша Трамп на Твитер.

    Се очекува Трамп да го одобри објавувањето на меморандумот, кој сугерира дека ФБИ шпионирал еден негов близок соработник. И додека ФБИ смета дека тоа би била голема грешка и закана за националната безбедност, демократите велат дека ова има за цел да ги спречи истрагите против Трамп.

    „Меморандумот е обид да се поткопа федералната истрага на обвинувањата дека кампањата на Трамп имала контакти со Русија во предизборниот процес во 2016 година“, велат од Демократската партија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира