Доналд Трамп ја продолжи забраната за издавање на некои зелени карти и работни визи за странските работници до крајот на годината.
Оваа одлука се однесува на висококвалификувани работници од технолошкиот сектор, сезонски работници од неземјоделските области, менаџери и други вработени во мултинационални компании и универзитетски студенти.
Белата куќа соопшти дека ова има за цел да создаде работни места за Американците кои се погодени економски од кризата со коронавирусот, додека критичарите сметаат дека на овој начин се зацврстуваат имиграциските закони.
Администрацијата на Трамп најави дека оваа одлука ќе погоди околу 525.000 луѓе, од кои 170.000 се нови сопственици на зелена карта, која на странците им обезбедува постојан престој во земјата.