ТРАМП И БАЈДЕН ГИ ПОВИКАА ГЛАСАЧИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ВТОРНИК ЗА ДА ЈА СПАСАТ АМЕРИКА

    ТРАМП И БАЈДЕН ГИ ПОВИКАА ГЛАСАЧИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ВТОРНИК ЗА ДА ЈА СПАСАТ АМЕРИКАБајден и Трамп дојдоа на митинзите во Пенсилванија за да им дадат поддршка на своите кандидати за Сенатот (Фото: АП)

    Џо Бајден и Доналд Трамп испратија идентична порака до своите гласачи кога ги предводеа митинзите во Пенсилванија, повикувајќи ги масовно да излезат на гласање во вторник. Трамп предвидува уништување на Америка ако републиканците не гласаат во голем број, додека Бајден предупреди дека претстојните избори се борба за демократијата и би можеле да имаат последици во следните неколку децении.

    Изборите во вторник ќе одлучат кој ќе има контрола во Конгресот. Се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом, како и за 35 во Сенатот. Демократите моментално ги држат двата дома во Конгресот, но последните анкети покажуваат дека ќе ја изгубат контролата во Претставничкиот дом, додека борбата за Сенатот исто така е многу тесна и неизвесна.

    Три дена остануваат до едни од најважните избори во вашите животи. Исходот ќе ја обликува нашата земја во следните децении. Ова е избор помеѓу две многу различни визии за Америка“, изјави Бајден, додавајќи дека во опасност се правото на абортус, социјалното осигурување и самата демократија.

    Бајден и Барак Обама беа на митингот во Филаделфија, а Трамп зборуваше во малиот град Латроб за да им дадат поддршка на своите кандидати за Сенатот, Џон Фетерман и Мехмет Оз.

    Ако сакате да го сопрете уништувањето на Америка и да го спасите американскиот сон, тогаш во вторник републиканците мора да гласаат во огромен црвен бран. САД се земја која пропаѓа. Ако сакате сигурност и безбедност за вашето семејство, мора да го избркате и последниот демократ од функцијата“, изјави Трамп, кој најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД.

    Повторно ќе ја освоиме таа прекрасна куќа“, кажа Трамп, алудирајќи на изборите во 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира