ТРАМП И ОФИЦИЈАЛНО ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ТРАМП И ОФИЦИЈАЛНО ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈАТрамп во април влезе во војна со СЗО, тврдејќи дека Кина има контрола врз неа (Фото: Гети)

    Администрацијата на Доналд Трамп ги известила Конгресот и Обединетите нации дека САД и формално се повлекуваат од Светската здравствена организација, што следува по драматичното зголемување на бројот на заразени со коронавирус низ земјата.

    „Конгресот прими известување дека претседателот Трамп и официјално ги повлекол САД од Светската здравствена организација. Ова нема да ги заштити животите или интересите на Американците, туку ја остава Америка сама и болна“, напиша сенаторот Роберт Менендес на Твитер.

    Официјално лице од Стејт департментот исто така потврди дека известување за повлекувањето, кое стапува на сила на 6 јули 2021, било испратено до генералниот секретар на ОН.

    Трамп во април објави дека САД ќе престанат да уплаќаат средства во буџетот на СЗО, а следниот месец најави и повлекување од членството, тврдејќи дека Кина има целосна контрола врз неа и дека таа не успеала да се справи со коронавирусот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари