ТРАМП ЈА ПРЕДУПРЕДИ РУСИЈА ДЕКА СИРИЈА ЌЕ БИДЕ НАПАДНАТА СО УБАВИ И ПАМЕТНИ ПРОЕКТИЛИ

    ТРАМП ЈА ПРЕДУПРЕДИ РУСИЈА ДЕКА СИРИЈА ЌЕ БИДЕ НАПАДНАТА СО УБАВИ И ПАМЕТНИ ПРОЕКТИЛИНе прецизираше дали неговата порака значи американски воен удар. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп во својот последен твит ја предупреди Русија да се подготви за ракетни напади во Сирија, како одговор на неодамнешниот напад со хемиско оружје, во кој настрадаа десетици цивили.

    Русија се заколна дека ќе ги собори сите проектили што ќе бидат испукани на Сирија. Русија нека се подготви, затоа што тие доаѓаат, убави, нови и паметни! Русија не би требала да биде партнер со животни кои со гас убиваат свој народ и уживаат во тоа“, напиша Трамп на Твитер.

    Москва претходно ги предупреди САД дека секој воздушен напад врз Сирија ќе го смета за воено злосторство, додавајќи дека тоа би можело да предизвика директен воен судир.

    Трамп не појасни дали неговата порака значи американски воен удар, но тој претходно се закани со воена акција како одговор на наводниот напад со хемиско оружје, во којшто, според активисти и спасувачи на терен, загинале најмалку 40 цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира