ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ ОВАЛНАТА СОБА ЗА НАЦИОНАЛЕН СПОМЕНИК ЗА ДА ГИ СПРЕЧИ ИДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ДА ЈА МЕНУВААТ

    ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ ОВАЛНАТА СОБА ЗА НАЦИОНАЛЕН СПОМЕНИК ЗА ДА ГИ СПРЕЧИ ИДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ДА ЈА МЕНУВААТТрамп кажа дека Белата куќа и Овалната соба имале потреба од поправки пред неговите промени (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба за која вели дека ќе им забрани на идните претседатели да прават промени во Овалната соба во Белата куќа, што тој ја реновираше. Извршната наредба ја прогласува официјалната канцеларија на претседателот за национален споменик.

    „Ја правиме национален споменик и нема да биде дозволено никој да ја допира, уништува и урива, со цел да изгради нешто во малку поинаква форма“, изјави Трамп.

    Не е јасно дали оваа наредба може да биде поништена од иден претседател или со правен предизвик.

    Американските претседатели моментално имаат овластување да прават некои промени во Белата куќа, но големите проекти бараат дозвола од Конгресот.

    „Ни се допаѓа Овалната соба, таа е симбол, како и самата Бела куќа. Таа е симбол на нашата земја и на величината на нашата земја“, рече Трамп, додавајќи дека светските лидери кои ја посетиле во последните месеци ги пофалиле неговите декоративни промени во просторијата.

    Трамп кажа дека Белата куќа и Овалната соба имале потреба од поправки пред неговите промени, опишувајќи ја како многу оштетена. Сепак, многу од забележливите промени беа козметички, вклучувајќи голема златна плоча со натпис „Овална соба“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира