ТРАМП КАЖА ДЕКА ЌЕ ГО ВКЛУЧИ МАСК ВО ВЛАДАТА АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА ЌЕ ГО ВКЛУЧИ МАСК ВО ВЛАДАТА АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕТрамп вели дека Маск се согласил да води комисија за ефикасност (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека ако победи на изборите, ќе формира владина комисија за ефикасност, што ќе ја предводи милијардерот Илон Маск. Републиканскиот кандидат за претседател на САД со недели разговарал со своите соработници за идејата за ваква комисија, за која првпат прозборе јавно вчера во својот говор во Њујоршкиот економски клуб.

    Тој исто така првпат потврди дека Маск се согласил да ја води оваа комисија. Трамп не изнесе детали како би работела оваа комисија, освен што кажа дека во рок од шест месеци од нејзиното формирање ќе развие план за елиминирање на сите измами и несоодветни плаќања.

    Ќе создадам владина комисија за ефикасност која ќе има задача да спроведе целосна финансиска ревизија и ревизија на работата на целата федерална влада“, кажа Трамп.

    Маск минатиот месец изјави дека имал разговори со Трамп за оваа комисија и дека би бил заинтересиран да работи за неа.

    Сакам да му служам на американскиот народ ако се укаже можност за тоа. Не се потребни ни плата, ни титула, ни признание“, рече Маск.

    Пред Трамп, Роналд Реган востанови слично тело додека беше претседател во 1980-тите, што го нарече Голема комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира