ТРАМП ЌЕ ЈА РЕШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ОРБАН ПО НИВНАТА СРЕДБА ВО ФЛОРИДА

    ТРАМП ЌЕ ЈА РЕШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ОРБАН ПО НИВНАТА СРЕДБА ВО ФЛОРИДАОрбан јавно го поддржа Трамп на претстојните претседателски избори во САД (Фото: Икс)

    Виктор Орбан се сретна со Доналд Трамп во неговата резиденција во Флорида и кажа дека тој ќе донесе мир во Украина. САД беа последната станица во таканаречената мировна мисија на унгарскиот премиер, кој во изминатите денови разговараше и со Володимир Зеленски во Киев, Владимир Путин во Москва и со Шји Џинпинг во Пекинг.

    Орбан јавно ја поддржа кандидатурата на Трамп на претстојните претседателски избори во САД и кажа дека „постојат многу, многу големи шанси Џо Бајден да изгуби“.

    „Разговаравме за начини за постигнување мир. Добрата вест на денот: тој ќе ја реши војната“, напиша Орбан на Икс.

    Орбан неодамна изјави за германските медиуми дека Трамп е „самосоздаден човек со различен пристап кон сѐ“.

    „Победа на Трамп на изборите во САД би била добра за светската политика. Трамп е човек на мирот. За време на својот мандат тој не почна ниедна војна и направи многу за постигнување мир во стари конфликти“, кажа Орбан.

    Тој исто така ја критикуваше администрацијата на Бајден што не успеала да ја заврши војната во Украина.

    „Мислам дека новото водство ќе донесе нови можности“, смета Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира