Доналд Трамп ќе прогласи вонредна состојба за да изгради ѕид долж границата со Мексико, објави Белата куќа, потег што од демократите беше опишан како „гнасна злоупотреба на власта“.
Тој ќе потпише закон за безбедност на границите за да избегне повторно затворање на владата и да го заобиколи Конгресот и ќе искористи воени средства за изградба на ѕидот, што беше едно од неговите главни предизборни ветувања. Законот прво мора да помине во Конгресот, пред да биде потпишан од претседателот.
„Претседателот уште еднаш исполнува свое ветување, со цел да ја заштити границата и да осигура безбедност на нашата голема држава. Тој ќе преземе извршни акции, што вклучува прогласување вонредна состојба, што е во интерес на националната безбедност, за да се стави крај на хуманитарната криза на границата“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Саундерс.
Трамп претходно бараше да му се одобрат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот, што беше одбивано од Конгресот.