ТРАМП ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД УКРАИНА, ЕВРОПА НЕ МОЖЕ САМА ДА ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА, КАЖА ОРБАН

    ТРАМП ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД УКРАИНА, ЕВРОПА НЕ МОЖЕ САМА ДА ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА, КАЖА ОРБАНОрбан ја повика ЕУ да ја промени својата стратегија по победата на Трамп (Фото: Гети)

    Европската Унија мора повторно да размисли за својата поддршка за Украина по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Европа самата не може да ја финансира војната.

    На средбата на европските лидери во Будимпешта, само Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо побарале да се промени европската стратегија за Украина.

    Трамп беше критичен кон американската воена помош за Украина и ветуваше дека ќе ја заврши војната за еден ден ако биде избран, иако не кажа како. Иднината на Украина е меѓу главните прашања со кои се соочува ЕУ по победата на Трамп, додека блокот не успева да создаде обединет фронт, а Франција и Германија се политички ослабнати.

    „Американците ќе се откажат од војната, нема да ја охрабруваат. Европа не може сама да ја финансира војната. Некои и натаму сакаат да праќаат огромни суми пари во оваа изгубена војна, но расте бројот на оние кои сметаат дека треба да се прилагодиме на новата ситуација“, кажа Орбан.

    Покрај САД, ЕУ е најголемиот донатор на финансии и оружје за Украина и најголем дел од европските лидери се изјаснија дека поддршката треба да продолжи. Сепак, германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека Европа треба да ја зајакне и својата сопствена одбрана.

    Орбан повика на примирје во Украина, по што би следеле мировни разговори помеѓу Киев и Москва, што беше отфрлено од Володимир Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира