Трамп рече дека „многу размислува“ за санкции и царини за Русија со надеж дека ќе изнуди решение за војната во Украина. Тој во објавата на неговата социјална мрежеа „Трут соушал“ рече дека санциите и царините би можеле да останат „додека не се постигне прекин на огнот и ФИНАЛЕН ДОГОВОР ЗА МИР“.
„До Русија и Украина, дојдете на маса веднаш, пред да биде предоцна“, додаде Трамп.
Објавата следи додека Трамп се соочува со критики за зголемен притисок врз Украина да постигне договор, додека ја минимизира или дури негира одговорноста на Русија за започнување на војната со нејзината инвазија пред три години.
На 4 март, двајца американски функционери изјавија дека САД подготвуваат план за можно олеснување на санкциите за Русија, додека Доналд Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва и да ја заврши војната во Украина. Белата куќа побарала од Стејт департментот Мминистерството за финансии да состави листа на санкции што би можеле да бидат олеснети, за што американски и руски функционери би разговарале во следните денови. Ова е дел од пошироките разговори со Москва за подобрување на економските и дипломатските односи. Еден извор изјави за „Ројтерс“ дека службите сега составуваат предлог за укинување санкции за одредени субјекти и поединци, што вклучува и некои руски олигарси. Засега е нејасно што би барал Вашингтон за возврат за олеснувањето на санкциите.
Русија е еден од најголемите производители на нафта на светот и ако САД ги ублажат санкциите за нејзиниот енергетски систем, тоа би можело да помогне да се спречи раст на цените на нафтата ако Трамп го запре извозот на нафта од Иран. Кремљ минатата година кажа дека односите со САД се „под нулата“ додека демократската влада на Џо Бајден продолжуваше да ѝ дава воена помош на Украина. Откако се врати во Белата куќа, Трамп ја промени американската политика кон Русија и воспостави директен контакт со Владимир Путин. Трамп во јануари се закани дека ќе ги засили санкциите ако Путин не сака да преговара за крај на војната во Украина, но од неговата влада сега отворено признаваат дека се работи на нивното ублажување.