Доналд Трамп му понуди на шефот на УФЦ, Дејна Вајт, да биде нов портпарол на Белата куќа.
„Дејна ќе биде портпарол како никој друг. Дејна, те молам прифати ја работата!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Не е јасно дали понудата на Трамп била сериозна, но Вајт подоцна изјави дека ќе се сретне со него в понеделник. Функцијата е слободна од средината на октомври, кога Кејти Закарија поднесе оставка по пет дена работа и само еден одржан брифинг.
„Вајт е насилен борец и воин“, кажа Трамп и побара од него да донесе познати натпреварувачи во ултимејт фајт со себе на работа.
„Ни требаат овие луѓе да нè бранат од лудата левица“, напиша Трамп, покрај фотографиите од шестмина борци, од кои некои и не се Американци.
Врските на Трамп со УФЦ датираат од 2001, кога организираше борба во своето казино во Атлантик Сити, во периодот кога Вајт имал проблеми да најде сала. Вајт ја поддржуваше политичката кариера на Трамп од самиот почеток.
Во мај годинава, Трамп дозволи да се постави огромен кафез на тревникот пред Белата куќа заради одржување ултимејт фајт борби, во рамките на прославата на 250 години независност на САД.



