ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ДОАЃААТ ВО ВАШИНГТОН ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНА

    ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ДОАЃААТ ВО ВАШИНГТОН ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНАРусија вчера го изведе најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната (Фото: АП)

    Европски лидери ќе ги посетат САД денеска или утре за да разговараат за начините на завршување на војната во Украина, изјави Доналд Трамп. Тој додаде дека наскоро ќе разговара и со Владимир Путин откако навести дека е спремен за втора фаза од санкциите за Русија.

    Володимир Зеленски изјави дека санкциите се вистинската идеја и ги повика европските држави да престанат да ги купуваат руските енергенси.

    Ова уследи ден по најголемиот руски воздушен напад врз Украина од почетокот на војната, кога за првпат беше погодена и зградата на украинската влада во Киев. По нападот во кој биле лансирани 810 дронови и 13 проектили, Трамп кажа дека не е среќен со ситуацијата.

    Некои европски лидери ќе дојдат во Вашингтон денеска или утре“, кажа Трамп, не прецизирајќи кои ќе бидат.

    Русија продолжи со нападите врз Украина и по самитот Трамп-Путин на Алјаска минатиот месец. Зеленски ги поздрави плановите на Трамп за воведување секундарни царини за земјите кои тргуваат со Русија.

    Од почетокот на војната, Русија продала нафта и гас во вредност од 985 милијарди долари, според Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух. Најголемите купувачи биле Кина и Индија, додека Европската Унија драстично го намалила увозот.

    Ако ЕУ ги зголеми санкциите и секундарните царини за земјите кои ја купуваат руската нафта, руската економија ќе колабира и Путин ќе мора да седне на преговарачка маса“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира