Доналд Трамп ѝ нареди на Федералната агенција за цивилно воздухопловство на САД (ФАА) да ги приземји сите авиони од типот „боинг 737 макс 8“, три дена по несреќата во Етиопија.
Ова уследи откако ФАА објави дека нивниот извештај не покажал системски грешки кај авионите, со што немало основа за нивно приземјување.
„Авионите ќе бидат приземјени додека ‘Боинг‘ не излезе со решение“, изјави Трамп.
САД со тоа се придружуваат на долга листа земји кои донесоа ваква одлука по неделната трагедија на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, која однесе 157 животи. Во октомври, ист ваков авион се урна и во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе. Во двата случаи, авионите паднаа набргу по полетувањето.
Етиопија и Кина беа првите држави кои ги суспендираа летовите на сите свои „боинг 737 макс 8“, по што истото го направија и Кина, Индија, Европска Унија, Австралија, Нов Зеланд, Хонг Конг и, последно, Канада.