ТРАМП НЕ ГО ОПОМЕНА ФИЛИПИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТО УБИВА ДИЛЕРИ НА ДРОГА

    ТРАМП НЕ ГО ОПОМЕНА ФИЛИПИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТО УБИВА ДИЛЕРИ НА ДРОГАЗа Доналд Трамп, Родриго Дутерте одлично го решава проблемот со дилање дрога (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп изјави дека има одлична врска со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, откако двајцата се сретнаа во Манила, во рамките на неговата турнеја по Азија.

    Иако беше повикан да го предупреди Дутерте на масовното кршење на човекови права во земјата, нејасно е дали разговарале за тоа. Портпаролот на Дутерте кажа дека не се дискутирало на оваа тема.

    Претходната администрација на САД ги критикуваше методите на Дутерте, кој покрена вистинска војна против дилери на дрога, при што за неполни две години, во полициски акции се убиени околу 4.000 луѓе.

    Трамп претходно го има фалено Дутерте како го решава овој проблем.

    „Сакам да ви честитам на неверојатната работа што ја правите за да го решите овој проблем. Многу земји го имаат овој проблем, ние го имаме, но вие правите одлична работа“, изјавил Трамп во телефонски разговор со Дутерте во април годинава, за што се дозна од протечени документи.

    На вечерата, Дутерте се качил на сцена и отпеал филипинска поп-песна на барање на Трамп, чие доаѓање доведе до демонстрации во Манила.

    Во пресрет на доаѓањето на Трамп, Дутерте обелодени дека кога имал 16 години, избол до смрт некого, а тројца криминалци убил и додека бил градоначалник на Давао.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира