ТРАМП НЕ ЈА СИЛУВАЛ, НО СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОСТАВУВАЛ КОЛУМНИСТКАТА ЏИН КЕРОЛ, ЗАКЛУЧИ ПОРОТАТА

    ТРАМП НЕ ЈА СИЛУВАЛ, НО СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОСТАВУВАЛ КОЛУМНИСТКАТА ЏИН КЕРОЛ, ЗАКЛУЧИ ПОРОТАТАКерол доби обесштетување од пет милиони долари (Фото: АП)

    Њујоршката порота заклучи дека бившиот американски претседател Доналд Трамп сексуално ја злоставувал колумнистката Џин Керол во 1996 година, за што ќе ѝ биде доделено обесштетување од пет милиони долари.

    Пресудата беше изречена во федерална судница во Њујорк на првиот ден од расправата на поротата, која ги отфрли тврдењата на Керол дека Трамп ја силувал. Поротата заклучи дека Трамп е одговорен за сексуално злоставување.

    Трамп, кој не присуствуваше на судењето, постојано тврди дека никогаш не ја нападнал Керол, ниту ја познава. Ова е првпат во историјата еден американски претседател да биде прогласен за одговорен за сексуален напад.

    Сега 79-годишната Керол, која пишуваше колумни за списанието „Ел“ од 1993 до 2019, тврди дека нападот се случил во еден трговски центар во Менхетн, каде што случајно налетала на Трамп. Тој наводно побарал совет од неа за долна облека што ја купувал за друга жена и на шега ја прашал да му биде модел. Керол тврди дека Трамп ја нападнал кога влегле во гардеробата и потоа ја силувал. Таа кажа дека тогаш не го пријавила случајот во полиција зашто била во шок и не сакала да се смета себеси за жртва на силување, но наводно се доверила на двајца пријатели по неколку дена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира