Во понижувачки неуспех, претседателот Доналд Трамп и лидерите на Републиканската партија ја повлекоа од Конгресот својата замена за укинување на здравственото осигурување познато како Обамакер, откако стана јасно дека оваа мерка нема да помине. Тоа беше неверојатен пораз за новиот претседател, откако тој побара републканците во Претставничкиот дом да гласаат денеска и се закани дека ќе ја задржи Обамакер и ќе премине на други прашања ако гласањето не успеее. Предлог-законот беше повлечен минути пред гласањето.
Коцкањето на претседателот не успеа. Наместо тоа Трамп, кој водеше кампања како мајстор за склопување договори и тврдеше дека само тој може да го поправи системот на здравствена заштита, виде дека неговиот ултиматум ќе биде одбиен од републиканските пратеници, кои јасно покажаа дека се одговорни пред сопствените гласачи, а не пред претседателот.
Републиканците поминаа седум години во кампања против законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама, и неколкупати гласаа да се укине во целост или делумно. Но, кога конечно добија шанса да помине законот за укинување, не им успеа да го изгласаат. Што ќе се случува следно е нејасно, но спроведувањето на други приоритети, како што е реконструкција на даночниот код, се повеќе изгледа неизводливо.
А Трамп сигурно ќе биде ослабен политички, голем ран пораз во Конгресот згора на продолжувањето на истрагите за врските на неговата претседателска кампања со Русија и неговите неосновани обвинувања за прислушување против Обама. Предлог-законот на Републиканската партија ќе ги елиминира непопуларните казни за луѓето кои не зеле осигурување и ќе ги отстрани даночните зголемувања што Обама ги наметна за оние со повисоки проходи и за здравствените компании.
Непартиската Конгресна буџетска канцеларија соопшти дека републиканскиот закон ќе резултира со дополнителни 24 милиони неосигурени лица за една деценија и ќе доведе до повисоки медицински трошоци за многу од оние со пониски примања.
Демократите беа едногласно против законот.
“Овој закон е чиста алчност, и вистински луѓе ќе страдаат и умираат од него”, рече пратеничката Прамила Џајпа од државата Вашингтон.