ТРАМП НЕГИРАШЕ ДЕКА БАРАЛ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ОТКАКО И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ МУ КАЖАА ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ

    ТРАМП НЕГИРАШЕ ДЕКА БАРАЛ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ОТКАКО И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ МУ КАЖАА ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИТрамп е убеден дека на ноемвриските избори ќе се прават измами на гласањето по пошта (Фото: ЕПА)

    Високи републикански функционери го отфрлија предлогот на Доналд Трамп за одложување на ноемвриските претседателски избори поради грижите дека би можело да има измами. Идејата беше отфрлена и од лидерите на републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом, Мич Меконел и Кевин Мекарти. Трамп подоцна негираше дека барал одложување.

    Самиот Трамп нема овластување да ги одложи изборите, бидејќи тоа мора да биде одобрено од Конгресот. Тој вчера преку Твитер повика на одложување на изборите сметајќи дека на гласањето по пошта ќе се прават измами. Неколку сојузни држави најавија дека на овој начин ќе ги спроведат изборите поради грижите за јавното здравје среде пандемијата на коронавирусот.

    „Никогаш во историјата на оваа земја, дури и во времето на војни и економски депресии, не се случило тие да не се одржат на време. Ќе пронајдеме начин тие да се одржат на 3 ноември“, изјави Меконел.

    Дури и најблиските соработници на Трамп кажаа дека не се согласуваат со него.

    „Одложувањето не е добра идеја“, изјави сенаторот Линдзи Грем.

    Трамп подоцна го смени мислењето и негираше дека побарал изборите да бидат одложени.

    „Не сакам одложување. Сакам да имаме избори. Сепак, масовното гласање по пошта може да предизвика сомнеж во резултатите. Не сакам да видам нечесни избори, но ова ќе бидат најнаместени избори во историјата“, изјави Трамп.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари