ТРАМП НЕМА ДА БИДЕ ОЗНАЧЕН КАКО СЕКСУАЛЕН ПРЕСТАПНИК, ИАКО ВЧЕРА БЕШЕ ОСУДЕН ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ

    ТРАМП НЕМА ДА БИДЕ ОЗНАЧЕН КАКО СЕКСУАЛЕН ПРЕСТАПНИК, ИАКО ВЧЕРА БЕШЕ ОСУДЕН ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕТрамп ќе мора да ѝ плати на Џин Керол пет милиони долари (Фото: АП)

    Бившиот американски претседател Доналд Трамп нема да биде означен како сексуален престапник, иако њујоршката порота вчера го прогласи за виновен за сексуално злоставување на колумнистката Џин Керол. Таа го тужеше Трамп за силување, за случајот кој потекнува од 1996 година, благодарение на нов закон воведен во сојузната држава Њујорк.

    Сепак, поротата утврди дека Трамп не е одговорен за силување, туку само за сексуално злоставување на судењето кое се одржа во граѓански, а не во кривичен суд. Трамп не присуствуваше на судењето, кое траеше две недели, а според пресудата, ќе мора да ѝ плати на Керол пет милиони долари.

    Апсолутно немам поим која е таа жена. Пресудата е срамота, продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Керол (79) тврди дека нападот се случил во трговски центар во Менхетн, кога случајно налетала на Трамп. Тој наводно побарал совет од неа за долна облека што ја купувал за друга жена и на шега ја прашал да му биде модел. Керол тврди дека Трамп ја нападнал кога влегле во гардеробата. Таа кажа дека тогаш не го пријавила случајот во полиција зашто била во шок и не сакала да се смета себеси за жртва на силување, но наводно се доверила на двајца пријатели по неколку дена.

    Светот денеска конечно ја дозна вистината. Ова е победа не само за Џин Керол, туку за секоја жена која страдала зашто не ѝ верувале“, изјави Керол, која пишуваше колумни за списанието „Ел“ од 1993 до 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира