ТРАМП НЕМА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ПРЕПОРАКАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ, ИАКО ВО САД ИМА НАД 60.000 МРТВИ ОД КОВИД-19

    ТРАМП НЕМА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ПРЕПОРАКАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ, ИАКО ВО САД ИМА НАД 60.000 МРТВИ ОД КОВИД-19Според Трамп, одговорот на неговата администрација на пандемијата е една голема успешна приказна (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека неговата администрација нема да ја продолжи препораката за социјално дистанцирање поради коронавирусот откако таа ќе истече денеска, иако бројката починати од КОВИД-19 се искачи на повеќе од 60.000. Во изминатите недели, Трамп ја истакнуваше оваа бројка како можниот краен трагичен биланс во земјата.

    Во последните 24 часа, во САД се регистрирани над 25.000 нови случаи на зараза, како и 2.498 починати, со што во земјата досега има 1.030.487 заразени и 60.207 мртви. Тоа е повеќе од бројот на американските војници кои загинале во војната во Виетнам.

    „Одговорот на оваа администрација на пандемијата е една голема успешна приказна“, кажа Трамп на дневниот брифинг.

    Тој исто така им се закани на сојузните држави дека ќе ги натера повторно да се отворат.

    „Белата куќа нема да ги продолжи 30-дневните препораки за успорување на ширењето на коронавирусот кога тие ќе истечат денеска“, кажа Трамп.

    Овие препораки имаа за цел да ги охрабрат Американците да работат од дома и да избегнуваат одење во ресторани и на несуштински патувања, а старите и болните лица да се изолираат дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира