ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО СО ВООРУЖЕНИ ПАТКИ КОИ ГО ЧУВААТ ПРЕИМЕНУВАНОТО ЕЗЕРО ОНТАРИО

    ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО СО ВООРУЖЕНИ ПАТКИ КОИ ГО ЧУВААТ ПРЕИМЕНУВАНОТО ЕЗЕРО ОНТАРИОПатките носат автоматски пушки во своите човечки раце и ја имаат препознатливата фризура на Трамп (Фото: Трут соушл)

    Доналд Трамп објави видео создадено со вештачка интелигенција кое прикажува армија на патки кои патролираат на брегот на езерото Онтарио, што тој неодамна го преименуваше во Америка среде трговската војна со Канада. Патките носат автоматски пушки во своите човечки раце и ја имаат препознатливата фризура на Трамп.

    На друга фотографија, објавена исто така на неговата социјална мрежа Трут соушл, Трамп се прикажа себеси како стои покрај знак на кој пишува „Добредојдовте на езерото Америка“.

    Пред три дена, Трамп потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка, велејќи дека тоа стапува во сила веднаш. Езерото се граничи и со канадската покраина Онтарио и со американската сојузна држава Њујорк.

    Премиерот на Онтарио, Даг Форд, му возврати на Трамп со поставување голем знак на брегот на Канада со пораката: „Езерото Онтарио. Сега и засекогаш“.

    Долго пред претседателот Трамп, ова езеро се викаше Онтарио. Долго откако претседателот Трамп ќе замине, сè уште ќе се вика Онтарио“, рече Форд.

    Војната со зборови започна откако пропаднаа трговските разговори, при што САД воведоа нови царини од 50 отсто на 20 милијарди долари канадски стоки. Канада следниот месец ќе воведе идентична мерка во стилот „долар за долар“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира