ТРАМП ПОВИКА ДА СЕ ОДЛОЖАТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

    ТРАМП ПОВИКА ДА СЕ ОДЛОЖАТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИТрамп смета дека гласањето по пошта може да доведе до измами на изборите во ноември (Фото: АП)

    Доналд Трамп побара претседателските избори во ноември да бидат одложени, сметајќи дека гласањето по пошта би можело да доведе до измами и неточни резултати. Тој предложи тие да се одложат додека не се стекнат услови за „правило и безбедно гласање“.

    Постојат малку докази за тврдењата на Трамп, но тој во минатото често зборуваше против гласањето по пошта, опишувајќи го како подложно на измами. Сојузните држави сакаат да го олеснат гласањето по пошта поради грижите за јавното здравје среде пандемијата на коронавирусот.

    „Универзалното гласање по пошта ќе ги направи ноемвриските избори најнеточни и најизмамнички во историјата. Тие ќе бидат голем срам за САД“, напиша Трамп на Твитер и побара одложување на изборите.

    Во почетокот на месецот, Калифорнија, Јута, Хаваи, Колорадо, Орегон и Вашингтон кажаа дека планираат целосно да ги одржат изборите по пошта. Речиси половина од сојузните држави ја имаат опцијата за вакво гласање.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари