ТРАМП ПРЕДЛОЖИ МАЈКА НА СЕДУМ ДЕЦА И ПОСВЕТЕН КАТОЛИК ЗА НОВ СУДИЈА ВО ВРХОВНИОТ СУД

    ТРАМП ПРЕДЛОЖИ МАЈКА НА СЕДУМ ДЕЦА И ПОСВЕТЕН КАТОЛИК ЗА НОВ СУДИЈА ВО ВРХОВНИОТ СУДТрамп ја опиша Ејми Кони Барет како жена со неспоредливи постигнувања (Фото: АП)

    Доналд Трамп не почека да поминат изборите и ја номинираше Ејми Кони Барет за нов судија на Врховниот суд. Ако биде потврдена од сенаторите, 48-годишната Барет ќе го пополни местото на Рут Бејдер Гинсбург, која почина минатиот викенд, а конзервативно настроените судии ќе имаат мнозинство од 6:3 во блиска иднина.

    Трамп ја опиша Барет како жена со неспоредливи постигнувања.

    „Ејми Кони Барет е ѕвезден професор и судија, со непопустлива лојалност кон Уставот“, кажа Трамп.

    Деветте врховни судии имаат доживотен мандат и нивните пресуди го обликуваат јавниот живот во САД.

    Изборот на Барет не е изненадување за американската јавност и Трамп своевремено кажа дека ја чува токму за овој момент, по смртта на Бејдер Гинсбург.

    Барет има угледна кариера како професорка и апелациска судијка и е мајка на седум деца. Таа исто така истакнува дека е посветен католик и ЛГБТ групите го критикуваа нејзиното членство во конзервативна католичка група, чија мрежа на школи промовира дека сексуални односи треба да имаат само хетеросексуални брачни двојки. Барет ги поддржуваше тврдите политики на Трамп за имиграцијата и за оружјето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира