ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО САД ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО САД ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТТрамп ќе одобри 50 милијарди долари помош за борба против ширењето на заразата (Фото: АП)

    Доналд Трамп вечерва прогласи вонредна состојба во САД поради пандемијата на коронавирусот, додека властите се мачат да го стават под контрола ширењето на заразата.

    „И официјално прогласувам вонредна состојба! Ова ќе овозможи да се распределат федерални средства од 50 милијарди долари на државните и локалните власти како помош во борбата против ширењето на заразата“, соопшти Трамп.

    Во САД досега има над 1.700 заразени, од кои 333 во последните 24 часа, а починале 40 луѓе. Неколку сојузни држави веќе воведоа рестриктивни мерки, како затворање училишта, забрана за јавни собири и прекин на спортски натпревари.

    Трамп се повика на Стафордов закон, со кој најголеми овластувања во справувањето со ситуацијата доби Федералната агенција за управување со кризни ситуации.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира