ТРАМП Ѝ РЕКОЛ НА ТЕРЕЗА МЕЈ ДА ЈА ТУЖИ ЕУ

    ТРАМП Ѝ РЕКОЛ НА ТЕРЕЗА МЕЈ ДА ЈА ТУЖИ ЕУ„Трамп ми рече дека треба да ја тужам ЕУ - да не влезам во преговори“; - Меј и Трамп при посетата на Велика Британија што завршува денеска (Фото: АП)

    Доналд Трамп ѝ рекол на Тереза Меј дека треба да ја тужи ЕУ, а не да преговара, изјави таа за „Би-Би-Си“. Американскиот претседател во петокот на заедничката прес-конференција изјави дека ѝ дал сугестија, но дека Меј рекла оти била премногу брутална.

    Новинарот Ендрју Мар на „Би-Би-Си“ ја праша што кажал Трамп, а Меј одговори: „Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ – да не влезам во преговори“.

    Таа го бранеше својот план за брекзит и ги повика критичарите да го поддржат.

    Белата книга, објавена во четвртокот, ги образложи деталите за договорот постигнат од владиниот кабинет за тоа како ќе функционира трговијата по брекзит.

    Зборувајќи за советите на Трамп за тоа како да се справи со ЕУ, Меј рече: „Интересно е што претседателот, исто така, таа прес-конференција рече „не напуштај“. „Не ги напуштајте тие преговори, бидејќи тогаш ќе бидете заглавени. Затоа сакам да успееме да седнеме за да преговараме за најдобриот договор за Британија”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира