ТРАМП САКА ДА ГО ВРАТИ НЕОКЛАСИЦИЗМОТ ВО АРХИТЕКТУРАТА НА ФЕДЕРАЛНИТЕ ЗГРАДИ

    ТРАМП САКА ДА ГО ВРАТИ НЕОКЛАСИЦИЗМОТ ВО АРХИТЕКТУРАТА НА ФЕДЕРАЛНИТЕ ЗГРАДИУставниот суд е еден од примерите на класичниот архитектонски стил во САД (Фото: Гети)

    Американскиот претседател Доналд Трамп посакал повторно да ги направи федералните згради убави, па побарал враќање на „класичниот архитектонски стил“, објави сајтот „Architectural Record“. Оттаму велат дека дошле во посед на „нешто што се чини како првичен нацрт на наредбата“.

    Според наредбата, Белата куќа ќе побара преработка на документот „Водечките принципи на федералната архитектура“ од 1962 година, „за да се обезбеди класичниот архитектонски стил да стане посакуван и задолжителен стил за нови и надградени федерални згради“.

    Наредување на официјален архитектонски стил не е баш соодветно на либералната демократија од 21. век“, вели критичарот на архитектурата Пол Голдбергер.

    Водечките принципи“ е напишан од сенаторот Даниел Патрик Мојнихан во мандатот на Џон Кенеди и во документот се наведува дека „мора да се избегнува еден официјален стил, а новите згради треба да го одразуваат новото време“.

    Пред да влезе во Белата куќа, Трамп речиси 50 години работеше со недвижнини и не беше познат по користењето на класичниот стил во своите приватни и комерцијални згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира