ТРАМП САКА ДА ЈА ЗАМЕНИ САЛАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ВО БЕЛАТА КУЌА СО БАЗЕН

    ТРАМП САКА ДА ЈА ЗАМЕНИ САЛАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ВО БЕЛАТА КУЌА СО БАЗЕНТрамп сака да ги премести новинарите во друга зграда (Фото: АП)

    Белата куќа не го негираше извештајот на „Њујорк тајмс“ дека Доналд Трамп размислува да ја замени просторијата за брифинг на медиуми со затворен базен, при што директорот за комуникации Стивен Чеунг рече дека „сите опции остануваат на маса“.

    „Америка со право не им верува на медиумите за лажни вести бидејќи тие фабрикуваат приказни засновани на лаги и извори кои не се доверливи за какви било информации. Сите опции остануваат на маса и ние ќе објавиме кога ќе биде соодветно“, кажа Чеунг.

    „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп зборувал за преместување на медиумите од салата за брифинг „Џејмс С. Брејди“ за време на еден од неговите последни состаноци со бившата портпаролка Керолајн Ливит. Трамп ја уверувал Ливит дека тоа би било нејзиното „последно наследство“, но за предлогот потоа не се дискутирало.

    Сепак, ова наводно не било првпат Трамп да ја спомне оваа идеја пред Ливит. Според весникот, Трамп им кажал на своите соработници дека сака да го врати затворениот базен изграден од поранешниот претседател Френклин Рузвелт, при што новинарската екипа би можела да биде преместена во извршната канцелариска зграда „Ајзенхауер“.

    Затворениот базен бил пренаменет во просторија за новинари во 1970 година, во времето на Ричард Никсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира