Доналд Трамп кажа дека Русија ќе се соочи со високи нивоа на царини, даноци и санкции ако Владимир Путин не ја заврши војната во Украина.
Тој на својата социјална мрежа му изрази љубов на рускиот народ и кажа дека има добри односи со Путин, но потоа му издаде директно предупредување.
„Запрете ја оваа смешна војна! Ќе стане уште полошо. Ако не постигнеме договор наскоро, ќе немам избор освен да воведам високи нивоа на даноци, царини и санкции на сѐ што Русија продава во САД, како и за други земји-учеснички. Време е да се склучи договор“, кажа Трамп.
Русија веќе е изложена на најголемите санкции во светот и останаа многу малку сектори и субјекти за кои САД и европските држави не воведоа ограничувања.
Брзо запирање на војната беше едно од најисчекуваните предизборни ветувања на Трамп, за потоа да каже дека за мировен договор ќе треба време.