ТРАМП СТАНА ПРВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ СТАПНАЛ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА

    ТРАМП СТАНА ПРВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ СТАПНАЛ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈАТрамп и Ким се сретнаа во демилитарилизираната зона што ги дели Северна и Јужна Кореја. (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп стана првиот американски претседател кој влегол во Северна Кореја откако се ракуваше со Ким Џонг-ун и се прошета со него на севернокорејската страна на граница со Јужна Кореја. Откако стапна на севернокорејско тло, Трамп кажа:

    „Стапнувањето преку таа линија е голема чест, направивме голем процес, големи пријателства направивме и ова, конкретно, е големо пријателство“.

    Тој рече дека средбата со Ким била „многу историска“.

    Лидерот на Северна Кореја Ким потоа помина на јужната страна од граница за неговата прва трилатерална средба со Трамп и јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин. Ким рече дека средбата на границата била симболична за загревањето на односите меѓу Северна Кореја и САД.

    „Мислам дека со средбата тука, меѓу две земји кои имаат непријателско минато, ние му покажуваме да светот дека имаме нова сегашност и дека одиме напред“, рече Ким.

    Трамп е во регионот за средбата на Г20 во Осака, Јапонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира