ТРАМП ТВРДИ ДЕКА МУ СЕ ИЗБРИШАНИ 2,7 МИЛИОНИ ГЛАСОВИ, ИЗБОРНИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ИЗМАМИ

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА МУ СЕ ИЗБРИШАНИ 2,7 МИЛИОНИ ГЛАСОВИ, ИЗБОРНИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ИЗМАМИОфицијалните резултати од изборите не се објавени ни десет дена од завршувањето на гласањето (Фото: АП)

    Федералните изборни власти кажаа дека овие избори за Белата куќа биле најбезбедните во американската историја, отфрлувајќи ги тврдењата на Доналд Трамп за измами и неправилности.

    „Нема никакви докази дека во изборниот систем има избришани, изгубени или изменети гласови или дека тој бил компромитиран на кој било начин“, соопшти Советот за координирање на изборната инфраструктура.

    Таа се огласи откако Трамп неосновано обвини дека биле избришани 2,7 милиони гласови што тој ги добил. Тој сѐ уште не признал пораз, иако според последните проекции, има дури 73 електорски гласови помалку од Џо Бајден. Место тоа, кампањата на Трамп покрена низа судски тужби против објавените резултати во неколку клучни сојузни држави.

    „Изборите на 3 ноември беа најбезбедните во американската историја. Токму сега, изборните комисии низ целата земја уште еднаш го проверуваат целиот изборен процес, пред да ги објават конечните резултати. Иако знаеме дека има многу неосновани тврдења и можности за дезинформации за нашиот изборен процес, ве уверуваме дека можете да имате целосна доверба во безбедноста и интегритетот на нашите избори“, беше објавено на сајтот на Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктурна безбедност (ЦИСА), која е дел од Одделот за татковинска безбедност.

    Трамп претходно објави твит во кој напиша дека изборниот софтвер што се користи во 28 сојузни држави избришал милиони гласови што тој ги освоил, но тоа не го поткрепи со докази.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира