ТРАМП ТВРДИ ДЕКА НЕТАНЈАХУ НЕМА ДА БИДЕ УАПСЕН КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВО САД, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ВЕЛИ ДЕКА РАЗГЛЕДУВА ОПЦИИ

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА НЕТАНЈАХУ НЕМА ДА БИДЕ УАПСЕН КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВО САД, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ВЕЛИ ДЕКА РАЗГЛЕДУВА ОПЦИИНетанјаху традиционално патува во Њујорк секој септември за годишниот собир на светските лидери во ОН (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен кога ќе ги посети САД откако градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кажа дека сè уште размислува за ова.

    „Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на никаков начин, додека е во САД“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пофалувајќи го Израел што им помогнал во војната против Иран.

    Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за апсење на Нетанјаху во 2024 за наводни воени злосторства за време на војната во Газа. Израел ја отфрла надлежноста на судот и негира дека извршил воени злосторства.

    Градоначалникот на Њујорк викендов кажа дека правниот оддел на градот активно разгледува што би можел да дозволи законот.

    „Верувам дека премиерот Нетанјаху треба да биде во Хаг. Тој е воен злосторник обвинет од Меѓународниот кривичен суд“, изјави Мамдани.

    Нетанјаху традиционално патува во Њујорк секој септември за годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации.

    Израел одговори на коментарите на Мамдани, велејќи дека МКС е „кенгурски суд“, а налогот за апсење на Нетанјаху е лажен. Судот е основан во 2002 и има меѓународна надлежност да гони геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. САД и Израел не се членови на судот.

    За време на неговата кампања за градоначалник, Мамдани рече дека ќе ја натера полицијата да го уапси Нетанјаху ако стапне во Њујорк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира