ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ГИ УЦЕНУВА САД СО ЗАТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, ТЕХЕРАН ГИ РАЗГЛЕДУВА НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕДЛОЗИ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ГИ УЦЕНУВА САД СО ЗАТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, ТЕХЕРАН ГИ РАЗГЛЕДУВА НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕДЛОЗИТрамп вели дека е можно да се постигне заеднички договор со Иран. (Фото: Икс/Бела куќа)

    Американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување до Иран да не се обидува да врши притисок врз САД преку менување на одлуките за статусот на Ормускиот Теснец. Неговата реакција следува откако властите во Техеран ја повлекоа претходната најава за повторно отворање на овој клучен воден пат за меѓународен транспорт.

    Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека Иран се обидува да изигра одредени тактики кои ги користи веќе со децении, но додаде дека таквиот пристап нема да влијае врз позициите на САД. И покрај заострувањето на реториката околу теснецот, тој рече дека е можно да се постигне заеднички договор, оценувајќи дека разговорите се движат во добра насока и дека набрзо се очекуваат подетални информации.

    Истовремено, Врховниот совет за национална безбедност на Иран преку државните медиуми соопшти дека моментално ги разгледува новите предлози што ги достави американската страна. Предлозите биле пренесени од пакистанскиот началник на армијата, Асим Мунир, кој по тридневната посета на Техеран ги предал пораките од Вашингтон до иранските власти.

    Од Техеран велат дека нивните сили ќе ја задржат контролата над Ормускиот Теснец сè додека војната не заврши на дефинитивен начин. Иранските власти предупредуваат дека доколку продолжи американската поморска блокада на нивните пристаништа, тоа ќе го сметаат за директно прекршување на прекинот на огнот. Според нив, во такви услови ќе биде спречено дури и претходно планираното ограничено и условно отворање на теснецот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира