Доналд Трамп кажа дека верува дека коронавирусот ќе исчезне додека САД регистрираа нов дневен рекорд од 52.982 нови случаи на зараза.
Осум сојузни држави пријавија рекордно високи бројки, по што Њујорк ги одложи плановите за отворање на рестораните, додека Трамп и натаму тврди дека земјата оди во добра насока со епидемијата.
„Верувам дека во еден момент вирусот едноставно ќе исчезне. Се надевам. Исто така верувам дека многу брзо ќе имаме вакцина. Мислам дека ќе бидеме добро“, изјави Трамп.
Тој ја промени реториката околу заштитните маски и кажа дека има ситуации кога и самиот ја носи.
„Јас сум целосно за маски. Кога би се наоѓал меѓу многу луѓе, и јас би носел маска“, рече Трамп, додавајќи дека тие и натаму не треба да бидат задолжителни.
Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има речиси 2,7 милиони заразени и над 128.000 починати од ковид-19.