ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ ВО Г-7

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ ВО Г-7Трамп вели дека било грешка што Русија беше исфрлена од групата најнапредни светски економии во 2014. (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија треба да се врати во Г-7 и рече дека е грешка што Москва е протерана. Русија беше членка на групата на најнапредни светски економии, тогаш позната како Г-8, до 2014 кога беше исклучена поради нејзината анексија на украинскиот регион Крим.

    „Би сакал да ја вратам. Мислам дека беше грешка што ја исфрливме. Видете, не е прашање дали ја сакаме Русија или не ја сакаме Русија. Тоа беше Г-8. Мислам дека Путин би сакал да се врати“, рече Трамп во Белата куќа објавувајќи нови реципрочни царини на САД.

    На оваа изјава на американскиот претседател сè уште нема реакција од Канада која е претседавач со Г-7 оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира