ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА САД ПРОДОЛЖУВААТ СО РАЗГОВОРИТЕ СО ИРАН, ЌЕ ПОБАРА ОД НЕГО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД СВОИТЕ НУКЛЕАРНИ АМБИЦИИ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА САД ПРОДОЛЖУВААТ СО РАЗГОВОРИТЕ СО ИРАН, ЌЕ ПОБАРА ОД НЕГО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД СВОИТЕ НУКЛЕАРНИ АМБИЦИИТрамп продолжува да тврди дека американските напади ја уништиле иранската нуклеарна програма (Фото: АП)

    Доналд Трамп најави дека САД ќе продолжат со разговорите со Иран следната недела откако тие беа стопирани по почетокот на израелските напади. Притоа кажа дека ќе побара од Иран да се обврзе дека ќе стави крај на своите нуклеарни амбиции.

    Трамп продолжува да тврди дека американските напади ја уништиле иранската нуклеарна програма, опишувајќи го ваквиот исход како победа за сите. Тој доби поддршка од директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој кажа дека американските напади сериозно ги оштетиле иранските нуклеарни постројки и ги уназадиле за неколку години, но одби да потврди дека иранската нуклеарна програма е целосно елиминирана.

    Ретклиф се огласи ден откако во јавноста протече разузнавачки извештај на Пентагон, кој вели дека американските бомби не ја уништиле иранската нуклеарна програма, туку во најдобар случај ја уназадиле за неколку месеци, што го налути Трамп.

    Мислам дека Иран во скоро време нема да може да развие нуклеарно оружје. Ќе разговараме со нив следната недела и можеби ќе потпишеме договор. Последната работа што сакаат да ја прават сега е да збогатуваат ураниум. Тие сакаат да закрепнат“, рече Трамп.

    Тој не даде детали каде ќе се водат разговори и кој би учествувал.

    Ако Иран сака да ја обнови својата нуклеарна програма, нема да им го дозволиме тоа. Како прво, воено нема да дозволиме. Мислам дека на крај ќе развиеме некаков однос со Иран за да го решиме тоа“, кажа Трамп.

    Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаил Багери изјави за „Ал Џазира“ дека иранските нуклеарни инсталации се многу оштетени, но не изнесе детали.

    Израел и Иран го почитуваат примирјето што беше прогласено пред два дена, ставајќи крај на 12-дневната војна. Израел тврди дека ги постигнал целите на своите напади, отстранувајќи ги двете клучни закани од Иран: од нуклеарно оружје и од балистички проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира