ТРАМП ВО ОФАНЗИВА ПРЕД ДЕБАТАТА СО КЛИНТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(Би-Би-Си)

    ТРАМП ВО ОФАНЗИВА ПРЕД ДЕБАТАТА СО КЛИНТОН

    Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп и неговиот тим тргнаа во офанзива по серијата напади во врска со неговите непристојни коментари за жените.

    Трамп вечерва во 9 часот по локално време треба да се сретне со демократскиот ривал Хилари Клинтон во втората претседателска дебата. Неговиот советник Руди Џулијани кажа дека Трамп може да ја отвори темата за наводната улога на Хилари во дискредитирањето на жени кои го обвинија нејзиниот сопруг Бил за сексуални напади.

    Најмалку 33-ца високи членови Републиканската партија, вклучувајќи сенатори, конгресмени и гувернери ја повлекоа поддршката за Трамп откако се појави видеото од 2005 година во кое се фали дека недолично допирал жени.

    Трамп твитна линк од видео во кое жена го обвинува поранешниот претседател Бил Клинтон за силување во 1978 година, кога тој беше јавен обвинител во Арканзас. Клинтон ги негираше нејзините тврдења кога тие првично се појавија во 1999 година.

    Дел од републиканците повикаа Трамп да се повлече од претседателската трка. Сенаторот од Јута Мајк Ли кажа дека партијата мора да најде друг кандидат или нема да ја освои Белата куќа.

    „Имаме кандидати кои можат да го направат тоа. Се уште има време да го направиме тоа“, изјави Ли за „Ен-Би-Си“.

    Трамп, кој се извини за видеото од 2005 година, одговори дека има „нула шанси да се откаже“. И најголем дел од републиканските гласачи го поддржуваат неговиот став. Во првата анкета по излегувањето на видеото, направена од „Политико“ и „Морнинг Консалт“, околу 74 отсто од републиканските гласачи веруваат дека партијата треба да продолжи да го поддржува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира