Претседателот Доналд Трамп, во воинствениот дебитантски говор пред Генералното собрание на ОН, се закани со „целосно уништување“ на Северна Кореја ако не се откаже од нуклеарно оружје. Трамп, кој ја засили својата реторика во текот на ескалацијата на кризата со Северна Кореја, денеска им порача на зачудените лидери во ОН дека „е крајно време за нациите во светот да се конфронтираат со Ким Џонг Ун“ и рече дека неодговорното нуклеррно вооружување на Ким претставува закана за целиот свет со незамисливо губење на човечки животи.
„Ракетниот човек е во самоубиствена мисија за себе и за неговиот режим”, рече Трамп за севернокорејскиот лидер. Тој рече за САД: „Ако е принудена да се брани себеси или нејзините сојузници, нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме Северна Кореја“.
Избран со националистичкиот слоган „Прво Америка“, Трамп тврдеше дека поединечните нации треба да дејствуваат во свој сопствен интерес, а сепак да се соберат заедно кога ќе се соочат со заедничка закана.
Користејќи воинствен јазик редок за претседател на САД, на говорницата на Обединетите нации рече:
„Битката за нашата планета е со група непријателски режими”.
Тој ги повика државите да се здружат за да ја сопрат нуклеарната програма на Иран – тој го прогласи договорот да го спречи тоа „срам“ за САД – и да ги победи „терористите кои губат“, кои го погодија со насилство целиот свет. Тој го осуди „радикалниот исламски тероризам“, фраза која неодамна престана да ја користи. Тој предупреди дека некои делови од светот што се мачат со насилство „одат во пеколот“. И речиси не ја спомена Русија.