ТРАМП ВТОРПАТ УАПСЕН ОВАА ГОДИНА, СЕ ИЗЈАСНИ КАКО НЕВИН ПО СИТЕ 37 ОБВИНЕНИЈА ЗА ЧУВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ

    ТРАМП ВТОРПАТ УАПСЕН ОВАА ГОДИНА, СЕ ИЗЈАСНИ КАКО НЕВИН ПО СИТЕ 37 ОБВИНЕНИЈА ЗА ЧУВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИТрамп пристигнува во судот во Мајами (Фото: АП)

    Доналд Трамп вторпат беше уапсен оваа година откако пристигна во судот во Мајами и формално се предаде во пресрет на првото сослушување во врска со обвинувањата за незаконско поседување доверливи документи по напуштањето на Белата куќа. Ова е првпат во историјата на САД да бидат покренати федерални обвиненија против еден поранешен претседател.

    Еден од најтажните денови во историјата на нашата земја. Ние сме нација во пропаѓање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа непосредно пред да тргне кон судот.

    На рочиштето кое траело едвај пет минути, Трамп се изјасни како невин по сите 37 обвиненија поврзани со складирањето владини тајни документи во неговото одморалиште во Мар-а-Лаго во Флорида. Истражителите претходно кажаа дека таму ги чувал во бањата, балската соба и спалната соба. Тој се обвинува и дека ги попречувал напорите на властите да дојдат до нив.

    По напуштањето на судот, Трамп ќе се врати во Њу Џерси, каде што вечерва треба јавно да се обрати.

    Трамп беше уапсен и во април, кога беше обвинет за 34 кривични дела во судот во Менхетн, поврзано со исплатата на 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс. Засега не е познато кога ќе почне ова судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира