ТРАНСНИСТРИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА

    ТРАНСНИСТРИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈАВо денешните експлозии беа уништени две радиоантени (Фото: Министерство за внатрешни работи на Транснистрија)

    Властите на Транснистрија, отцепената проруска територија во Молдавија, обвинија тројца неидентификувани напаѓачи од Украина за денешниот бомбашки напад, во кој беше оштетено седиштето на локалната безбедносна служба. Како што пренесоа руските медиуми, тие дошле од Нововладимировка, осум километри северно од Тираспол, испукале граната кон зградата во Тираспол и потоа се вратиле во Украина. Во нападот немало жртви.

    Официјални лица го опишаа инцидентот како терористички чин и ја обвинија Украина дека се обидува да испровоцира ширење на конфликтот во Транснистрија.

    Украина не беше спомната во врска со другите два напада во Транснистрија, чија цел беа радиоантени и објект на руската војска.

    Русија има околу 1.500 војници во Транснистрија, која граничи со Украина и се оддели од Молдавија во 1992. Оттогаш фигурира како непризната независна република.

    Во петокот, рускиот генерал Рустам Минекаев изјави дека освојувањето на јужна Украина ќе ја доближи Русија до Транснистрија и Киев стравува дека таа би можела да стане полигон за идни руски напади на Украина. Ако се случи тоа, Русија би можела да ги приближи своите трупи до Одеса од западот.

    Молдавија, која не е членка на ЕУ и НАТО, е една од најсиромашните држави во Европа и дом на голем број Украинци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира