ТРОЈЦА ИЗБОДЕНИ ДО СМРТ И НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ВО АНГЛИСКИОТ ГРАД РЕДИНГ

    ТРОЈЦА ИЗБОДЕНИ ДО СМРТ И НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ВО АНГЛИСКИОТ ГРАД РЕДИНГНеколку хеликоптери за итна помош пристигнаа на местото на инцидентот во парк во Рединг. (Фото: Твитер)

    Тројца загинаа и неколкумина се повредени во сабота вечер во напад со нож за кој се верува дека е поврзан со тероризам во англискиот град Рединг. Уапсен е осомничен, за кого агенцијата ПА јави дека е Либиец.

    Локалната полиција кажа дека неколку повредени се пренесени во болница, а двајца од нив се во критична состојба.

    На социјалните мрежи се појави видео со најмалку две крвави тела, но властите апелираа до граѓаните да не споделуваат такви содржини.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира