ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЛУКОТ ВО КАЛИФОРНИЈА

    ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЛУКОТ ВО КАЛИФОРНИЈАНапаѓачот е убиен од полицијата (Фото: АП)

    Четири лица се убиени откако напаѓач отворил оган на фестивал за храна во Калифорнија. Тој бил убиен од полицијата, која објави дека можеби има и втор осомничен.

    Фестивалот на лукот во Гилрој бил пред затворање, кога се слушнале истрели.

    „Видовме белец во 30-ти години како пука од автоматска пушка“, изјави еден сведок.

    Напаѓачот влегол во фестивалот откако ја исекол оградата, изјавија од полицијата, додавајќи дека тој можеби имал помошник.

    „Полицијци веќе имаше присутно на фестивалот и тие возвратија на огнот за помалку од минута“, кажа шефот на полицијата на Гилрој.

    Во пукањето има и 15 повредени, од кои некои се во критична состојба.

    Фестивалот на лукот се одржува од 1979 и секоја година привлекува околу 100.000 посетители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира