ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ХАНТА ВИРУС НА ХОЛАНДСКИ КРУЗЕР ВО ТИХИОТ ОКЕАН

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ХАНТА ВИРУС НА ХОЛАНДСКИ КРУЗЕР ВО ТИХИОТ ОКЕАНБродот „Хондиус“ во последните 24 часа се наоѓа покрај островската држава Зелен ‘Рт

    Три лица починаа откако на холандски крузер се појавил ханта вирус, вирус што потекнува од глодари, кој може да предизвика фатални респираторни заболувања.

    Компанијата „Оушнвајд експедишнс“ соопшти дека се справува со сериозна медицинска ситуација на бродот „Хондиус“, кој во последните 24 часа се наоѓа покрај островската држава Зелен ‘Рт во Тихиот Океан.

    Две лица починаа на самиот брод, а третото по слегувањето. Меѓу починатите се сопружници на возраст од 70 и 69 години. Двајца членови на екипажот имаат симптоми“, соопшти компанијата.

    Крузерот со околу 150 патници испловил од Аргентина пред три недели и застанал на Антарктик и други места, пред да стигне до Зелен ‘Рт. Портпарол на холандското министерство за надворешни работи потврди дека починале двајца холандски државјани, без да даде други детали.

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека еден од болните патници е на интензивна нега во болница во Јужна Африка. Медиумите објавија дека станува збор за британски државјанин.

    Лабораторските испитувања го потврдија ханта вирусот во еден случај“, кажа СЗО.

    Ханта вирусот може да се шири преку изметот и урината на глодарите. СЗО соопшти дека вирусот се пренесува помеѓу луѓето во ретки случаи. Болеста започнува со симптоми слични на грип и може да доведе до срцева и белодробна инсуфициенција, при што околу 40% од случаите резултираат со смрт, според американските центри за контрола и превенција на болести.

    Не постојат специфични лекови за лекување на ханта вирус, па затоа третманот се фокусира на поддржувачка нега, вклучително и ставање на пациентите на респиратор во тешки случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира