ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ПАРИЗ

    ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ПАРИЗНиту една од жртвите на станицата Гар де Лион нема повреди опасни по живот. (Фото: Би-Би-Си)

    Три лица се ранети во напад со нож на големата железничка станица Гар де Лион во Париз, соопшти француската полиција. Еден осомничен беше уапсен по инцидентот утрово. Мотивот е непознат, но полицијата сооопшти дека покажувал знаци на ментална болест и имал лекови при себе. Полицијата ја исклучи можноста дека станува збор за тероризам.

    Ниту една од жртвите нема повреди опасни по живот.

    Неодамна имаше неколку напади со нож на јавни места во Париз. Во декември 2023 тројца туристи беа избодени – еден од нив до смрт – во близина на Ајфеловата кула. Во јануари лани шест лица беа повредени по прободување на станицата Гар ди Норд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира