ТРОЈЦА СИНОВИ НА АЛИ ХАМНЕИ СЕ ПОЈАВИЈА НА НЕГОВИОТ ПОГРЕБ, НО ГО НЕМА НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧ

    ТРОЈЦА СИНОВИ НА АЛИ ХАМНЕИ СЕ ПОЈАВИЈА НА НЕГОВИОТ ПОГРЕБ, НО ГО НЕМА НОВИОТ ВРХОВЕН ВОДАЧДржавната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат зад ковчегот на Али Хамнеи (Фото: АП)

    Тројца синови се појавија на погребната церемонија за убиениот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, но го немаше Моџтаба, синот кој го наследи на највисоката функција во државата. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат зад ковчезите на Али Хамнеи и четворица други роднини поставени во огромниот двор на религиозниот комплекс Голема мосала на Техеран.

    Али Хамнеи беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, заедно со бројни членови на семејството, но отпосле се дозна дека Моџтаба го преживеал нападот. Тој наводно бил тешко ранет и оттогаш не е виден во јавност, дури и откако беше избран за нов врховен водач. Извори блиски на тесниот круг на Моџтаба кажаа дека лицето му е изобличено и има значителни повреди на една или на двете нозе.

    Погребната церемонија на Али Хамнеи ќе трае шест дена, а тој ќе биде погребан в четврток во родниот град Машад.

    За време на војната беа убиени повеќе од 3.000 луѓе, вклучувајќи многумина од највисоките ирански функционери и воени команданти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира