Три лица загинаа откако нивниот хеликоптер се урна при спасувачка мисија во југоисточна Франција, што деновиве ја погодија големи поплави.
Контактот со хеликоптерот на спасувачките служби бил изгубен додека летал кон планинскиот регион Вар и министерот за внатрешни работи кажа дека телата на загинатите се пронајдени.
Брегот на Медитеранот беше погоден од силни врнежи во изминатата недела, што предизвика сериозни поплави и прекини во сообраќајот. Локалните медиуми објавија дека уште две лица се удавиле во надојдените води.
Оваа хеликоптерска несреќа се случи само неколку дена по трагедијата во Мали, кога загинаа 13-мина француски војници.