ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ АТИНА, БИВШ РАБОТНИК УПАДНА ВО ФИРМАТА КОЈА МУ ДАЛА ОТКАЗ

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ АТИНА, БИВШ РАБОТНИК УПАДНА ВО ФИРМАТА КОЈА МУ ДАЛА ОТКАЗМеѓу убиените е и газдата на фирмата (Фото: Гети)

    Тројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.

    Полицијата кажа дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.

    Инцидентот се случи во Глифада, 12 километри јужно од Атина. Вооружениот маж, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, упаднал во зградата, по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира