ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО КОПЕНХАГЕН

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО КОПЕНХАГЕНМотивот на нападот засега не е познат (Фото: АП)

    Три лица се убиени во вчерашното пукање во најголемиот трговски центар во Копенхаген, а уште три се во критична состојба. Дваесет и двегодишен маж е уапсен во врска со пукањето и полицијата само го опиша како етнички Данец.

    Шефот на полицијата Серен Томасен изјави дека мотивот на нападот не е познат, при што е исклучена можноста за терористички чин. Меѓу загинатите се двајца 17-годишни Данци и 47-годишен Русин.

    „Познато е дека напаѓачот имал психички проблеми, повеќе од тоа нема да коментирам“, кажа Томасен.

    Напаѓачот носел пушка и муниција и полицијата верува дека дејствувал сам.

    „Данска беше погодена од суров напад. Нашиот прекрасен и безбеден град се промени во секунда“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

    Повеќекатниот трговски центар „Филдс“ содржи над 140 продавници и ресторани и во моментот на нападот бил полн, што создало голема паника. Главната болница во градот соопшти дека примила мала група пациенти, но точната бројка повредени не е објавена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира