Американската полиција уапси еден осомничен и трага по уште еден по пукањето на преполн фестивал за храна во Сиетл, при што загинаа три лица, а четворица се ранети, меѓу кои и двегодишно дете дете.
Истражителите веруваат дека двајцата осомничени пукале еден кон друг и, иако едниот сè уштее на слобода, помошникот-началник на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис, на прес-конференција синоќа изјави дека не постои тековна закана за јавноста. Полицијата нема опис на осомничениот што сè уште се бара, рече тој и додаде дека не може да се каже дали некоја од жртвите била вклучена во конфликтот.
Две лица загинаа на самото место, а третото почина во болница. Четворицата ранети, меѓу кои и двегодишно момче, се хоспитализирани и се во стабилна состојба, изјави Противпожарната служба на Сиетл. Останатите повредени се возрасни лица. Дејвис



