ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ТОРНАДОТО ШТО ОПУСТОШИ СЕЛА ВО ЧЕШКА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ТОРНАДОТО ШТО ОПУСТОШИ СЕЛА ВО ЧЕШКАЛокалните власти ја опишуваат сцената како бојно поле (Фото: Ројтерс)

    Моќно торнадо зафати неколку села во југоисточна Чешка, при што загинаа три лица, а повредени се најмалку 60. Силното невреме корнеше покриви и дрвја и превртуваше автомобили во најтешко погодените окрузи Брецлав и Ходонин.

    „Ова е како воена зона, жив пекол“, изјави гувернерот на Јужна Моравија, Јан Гролих, откако ја посети областа.

    Во спасувањето учествуваат екипи од Чешка, Словачка и Австрија.

    „63 лица се превезени во болница, од кои десет имаа тешки повреди. Тројца подоцна починаа“, изјави портпаролката на итните служби на Јужна Моравија, Михаела Ботхова, додавајќи дека не е исклучено да има уште жртви.

    Торнадото уништи половина од селото Хруски.

    „Црквата остана без кулата, основното училиште без покривот, а од некои куќи останаа само ѕидови. Местото изгледа како бојно поле“, изјавија локалните власти.

    Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек ја опиша ситуацијата како многу сериозна и прогласи вонредна состојба во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира